Баерн Минхен ќе достави понуда за фудбалерот на Милан, Тео Ернандез и верува дека тој би можел да биде едно од главните засилувања на германскиот првак летово.
Баварците се подготвуваат за иднината и веќе добро знаат дека Алфонсо Дејвис ќе замине во Реал Мадрид, па затоа им треба засилување за да se пополни таа празнина во тимот.
Француски извори веќе споменаа дека директорите на Баерн се заинтересирани за Ернандез, а тоа го потврдуваат и германски извори.
Милан не е заинтересиран за негова продажба, но останува да се види реакцијата по понудата што ќе стигне од Минхен.