(FOTO) Баерн Минхен го подготвува најголемиот договор во клупската историја!

Баерн Минхен отсекогаш важел за клуб кој го гледа секое евро и не сака да ги преплаќа фудбалерите, дури и по цена на заминувањето на најголемите ѕвезди.

Сепак, сега е подготвен да направи исклучок од тоа правило и за својот најголем „скапоцен камен“, Џамал ​​Мусијала, за новиот договор да плати 125 милиони евра!

Наводно веќе е постигнат договор меѓу Мусијала и Баерн, според кој познатата граница од 20 милиони евра по сезона ќе биде пробиена, односно ќе ја надмине за пет милиони.

Бидејќи договорот ќе биде потпишан до 2029 година, Мусијала ќе заработи цело богатство. И тоа не е се’, сигурно е дека играчот ќе добие бонус само за потпис, како и неговиот менаџер.

Останува само официјализирање на најголемиот договор во историјата на Баерн, па момчето родено во Штутгарт да се концентрира на обврските во германскиот гигант

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО