Баерн Минхен го добива првиот ЛЕД терен на светот

Баерн Минхен направи голем чекор напред во технологијата на спортската инфраструктура, објавувајќи дека нивниот домашен терен, БМВ парк (BMW Park), ќе го има првиот светски спортски под со целосен ЛЕД видео дисплеј сезонава.

Оваа револуционерна технологија, дело на компанијата АСБ гласфлор (ASB GlassFloor), го прави БМВ парк првиот објект во светот кој ќе има трајно инсталиран ЛЕД видео спортски под.

Партнерството меѓу Баерн и АСБ гласфлор ќе потрае до 2030 година, што дополнително ќе ја подобри атрактивноста на оваа локација.

Новиот под ќе се простира на површина од околу 580 метри квадратни и ќе овозможи прикажување на динамични анимации и визуелни ефекти кои досега не се видени на спортските арени.

Поставувањето на овој стаклен под веќе е почнато, и во тек се и првите тренинзи за да се подготви се’ за дебито во септември 2024 година.

Трансформацијата на БМВ парк ќе го направи иновативен простор кој покрај кошарка и одбојка ќе може да биде домаќин и на корпоративни настани, забавни шоуа и многу други манифестации.

Спортскиот ЛЕД видео под ќе овозможи прикажување на податоците од играта во реално време, емотивни видео пораки, како и интерактивни визуелни ефекти за време на натпреварите.

Да потсетиме, порано позната како Руди Седлмаерхала, оваа арена со 6.500 седишта во Минхен Сендлингс е изградена за Летните олимписки игри (ЛОИ) 1972 година.

Сега, како БМВ парк, овој простор нуди разновидна и модерна платформа за спортски и други настани, подобрена со најнова технологија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО