Фудбалскиот тренер, Зинедин Зидан, добил понуда да го преземе кормилото на Баерн Минхен, пренесе – „Марка“.
Баварците контактирале со агентот на францускиот стручњак за евентуален потпис на договор. Германскиот клуб го разгледува местото за главен тренер откако Томас Тухел, најави, дека ќе ја напушти оваа функција на крајот од актуелната сезона.
Претходно „Мундо Депортиво“ објави, дека Зидан ја одби понудата од ПСЖ бидејќи сака да биде селектор на репрезентацијата на Франција.