Баерн го менува ДНК-то: Потегот на Компани доби „амин“ од водечките луѓе на клубот од Минхен

Баерн Минхен зад себе има неуспешна сезона, а тоа налага одредени промени во стратегијата и кадровската политика.

Новиот тренер на баварскиот клуб, Венсан Компани, подготвува тотална чистка, во која биле опфатени дури 13 фудбалери.

Како што пренесува тиражниот дневен весник БИЛД, Компани за идната сезона немада смета на Де Лихт, Мин Џае, Алфонсо Дејвис, Ерик Даер, Џошуа Кимих, Леон Горецка, Конард Лајмер, Кингсли Коман, Брајан Сарагос и Серж Гнабри.

Тие веќе и наводно добиле „зелено светло“ да преговараат со други екипи ова лето и добар дел од нив веројатно и ќе заминат.

Она што е сигурно, е дека Баерн Минхен му дава одврзани раце на новиот тренер, на кого ќе му дадат и одредена сума на пари со цел да донесе нови играчи и свежина во тимот.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО