Аврамовиќ го исфрли својот екс соиграч од Партизан во рекламните паноа – па му се извинуваше

Натпреварот помеѓу кошаркарските селекции на Австраија и Србија отиде во продолженија, откако во регуларниот дел резултатот беше нерешен. Во продолженија, Србија го доби мечот со резултат 95:90.

На оваа ситуација имаше една доста интересна ситуација помеѓу двајцата поранешни играчи на КК Партизан, Алекса Аврамовиќ и Данте Егзум.

При еден напад на Австралија, Алекса Аврамовиќ влета во еден дуел со Данте Егзум малку по жестоко, па успеа да го оттурне дури до рекламните паноа покрај теренот.

Фаул секако беше досуден, а Егзум негодуваше на тврдата игра од страна на Аврамовиќ, кој некоја минута потоа и му се извини на поранешниот соиграч од Партизан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО