Атлетико во преговори со Баерн за трансфер на Горецка

Спортскиот директор на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, отпатува во Минхен на разговори со Баерн за трансфер на фудбалерот од средниот ред Леон Горецка, јавија денеска шпанските медиуми.

Атлетико има потреба од играч од средниот ред откако го продаде Конор Галагер на Тотенхем во јануари, а вниманието на мадридскиот клуб е насочено кон Горецка, чиј договор со Баерн истекува во јуни.
Медиумите тврдат дека германскиот клуб бара 20 милиони евра отштета за Горецка, што Атлетико го смета за превисока цена со оглед на тоа што неговиот договор истекува за пет месеци.

Горецка пристигна во Баерн во 2018 година од Шалке и одигра 292 натпревари за баварскиот клуб, додека во дресот на германската репрезентација има 67 настапи.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО