Атлетико ја наполни мрежата на Реал во мадридското дерби

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи.

Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, кој постигна погодок за водство од 1-2. На полувреме резултатот беше 2-2 откако Сорлот израмни со гол со глава во судиското продолжение.

Во вториот дел следуваше нов шок за Реал. Алварез постигна гол од слободен удар во 64. минута за 4-2, а во судиското продолжение Антоан Гризман со мајсторски погодок го постави конечниот резултат 5-2 за Атлетико.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО