Актуелниот шампион на Евролигат, тимот на Панатинаикос, вечерва беше убедливо поразен во Белград од Партизан (91:73).
Иако гостите од Атина подобро го почнаа натпреварот, со константна предност во првите 10 минути, на крајот по првата четвртина Партизан фати резултатски чекор и водство кое до крајот не го испушти и само го надоградуваше.
По натпреварот, на пресконференцијата за новинарите, тренерот на грчката екипа, Ергин Атаман, даде една доста интересна изјава, во која истакна дека од утре тие на тренинг го менуваат пристапот, односно дека ќе тренираат малку и бокс, веројатно сметајки дека играчите на Партизан ноќва биле преагресивни на моменти, а за тоа им прогледувале и низ прсти.
– Не се боревме доволно, но веќе од утре, ние го менуваме пристапот на тренинзите, ќе тренираме малку и бокс. Кошарката не е само додавање на топки и постигнување кошеви, мора малку и да се истепате на терен, порача Ергин Атаман по натпреварот.
Тој во пријателска прегратка со Обрадовиќ ја напушти арената во Белград, но ете, очигледно смета дека мора да бидат далеку поцврсти од ова вечерва како што одиграа во српската престолнина.