Аталанта ја победи Рома со 1:0 во 18. коло од италијанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Атлети Аѕури д’Италија“ во Бергамо.
Дефанзивецот Џорџо Скалвини го постигна единствениот гол во 12. минута од натпреварот. Кон крајот на првото полувреме, VAR системот го поништи голот на Џанлука Скамака поради офсајд.
Аталанта освои 25 бода и се искачи на 8. место на табелата во Серија А.
Рома по седмиот сезонски пораз падна на 5. место со 33 бода од 18 натпревари.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: