Астон Вила се договори со Жоао Феликс

Англискиот фудбалски клуб Астон Вила се договори околу личните услови со португалскиот интернационалец Жоао Феликс, кој минатата сезона играше на позајмица во Барселона и е во сопственост на Атлетико Мадрид.

Шпанскиот клуб бара 40 милиони евра за да го ослободи Португалецот.Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, сака да го види Жоао Феликс во својот тим и ќе му понуди улога на офанзивен играч за врска.

Минатата сезона Жоао Феликс учествуваше во 54 натпревари во сите натпреварувања и постигна 13 гола, забележувајќи и седум асистенции. Неговиот актуелен договор со Атлетико Мадрид е до летото 2029 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО