Ас: Родри е желбата на Реал Мадрид за следната година

Родри (28), брилијантниот дефанзивен играч за врска на Манчестер сити и на шпанската репрезентација, е првата желба на Реал Мадрид за следната година, пишува „Ас“.

Весникот додава дека неговата вредност на фудбалскиот пазар изнесува 130 милиони евра. Родри беше клучен играч за триумфот на Сити во Лигата на шампиони (ЛШ) минатата година и за освојување на европската титула на Шпанија летово. Тој се смета за најдобар играч од средниот ред во светот.

Родри има договор со Сити до 2027-та каде што дојде пред пет години од Атлетико Мадрид со обештетување од 70 милиони евра и освои се’. Покрај гореспоменатата ЛШ, тој освои четири последователни титули во Англија, еден ФА, два Лига купа и едно клупско СП.

Родри е роден во Мадрид, но Шпанците истакнуваат дека тоа што е дете на неговиот најголем ривал може да го одврати од Реал. Родри дојде во Атлетико како момче и мина шест години во неговата младинска школа.

Потоа мина во Вилјареал, но откако таму ја потврди класата, Атлетико го купи пред шест години за 20 милиони евра. Потоа  веќе во следната година му го продаде на Сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО