АС: Ѓулер е вознемирен и дезориентиран. Очекуваше поголема улога

Арда Ѓулер отиде дезориентиран на репрезентативна пауза, исто како и многу навивачи на Реал Мадрид кои очекуваа младиот турски играч за врска сезонава да добие поголема улога.

Тоа претходно го најави тренерот, Карло Анчелоти, но на првите три натпревари тој главно ја „грееше“  клупата за резервите и мина само 98 минути на теренот.

Најголемата шанса Ѓулер ја доби во 2. коло, во победата на Реал против Валјадолид од 3:0, кога одигра 69 минути. Следуваше мечот против Лас Палмас и 26. минута во него и на клупата против Бетис.

Освен тоа, тој одигра само две минути во натпреварот од Супер купот на УЕФА против Аталанта, а само три во натпреварот од 1. лига против Мајорка.

„Вознемирен е“, пишува Ас, кој ја анализира ситуацијата на 20-годишниот играч за врска.

Ас наведува дека Ѓулер „не учествувал во прославата на победата на тимот, туку дека со наведната глава ја напуштил клупата и предвреме ја напуштил соблекувалната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО