Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека е време да се прекине „црната“ статистика која покажува дека лондонскиот клуб никогаш не освоил премиерлигашка титула доколку Новата година ја дочека на врвот на табелата.
„Не знаев за тој податок … време е да се стави крај“, рече Артета на денешната прес – конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали му е познато дека Арсенал пет пати ја испуштил шансата да стане шампион кога во новата календарска година влегуваше како лидер во Премиер лигата.
По 19 кола, Арсенал води на табелата со 45 бодови, четири повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, пред утрешниот натпревар против Борнмут.
„Задоволни сме од позицијата на која се наоѓаме, но знаеме дека секогаш можеме подобро и дека секогаш има простор за подобрување. Има уште пет месеци до крајот на сезоната и имаме многу работа пред нас. Играчите покажуваат голема желба и енергија, да уживаме во процесот ден по ден, а сега сме фокусирани на Борнмут, изјави Артета.
Според британската аналитичка компанија Опта, составот на Артета е голем фаворит за освојување на англиското првенство, проценувајќи дека шансите на Арсенал за остварување на таа цел се дури 78,98 проценти.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: