Артета: Многу сум среќен за победата над Евертон

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е задоволен од настапот на тимот против Евертон (1:0) синоќа на гостински терен во 17. коло од англиската Премиер лига.

– Многу сум среќен од победата, навистина е тешко да се игра на теренот на Евертон. Тие се многу добро организиран противник. Исто така, би сакал да истакнам колку е прекрасен стадионот, неговата убавина ми предизвикува наежување. Имаше периоди во првото полувреме кога навистина доминиравме, но не создадовме многу шанси. Постигнавме гол. А во второто полувреме имавме три чисти можности за гол но не реализиравме ниту една. Во Премиер лигата мора да ги искористите шансите ако сакате да го завршите натпреварот порелаксирано.

Не се оптоваруваме со Манчестер сити. Можеме да ги контролираме само сопствените перформанси и нашите резултати, и знаеме колку уште треба да играме и колку е тешка оваа лига, изјави Артета за „Скај Спортс“.

Арсенал ја обезбеди третата последователна победа во сите натпреварувања. „Топџиите“ освоија 39 бода и се вратија на првото место на табелата во Премиер лигата пред Манчестер сити кој собра 37 бодови.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО