Артета: Еден фудбалер има сериозна повреда, ќе дознаете наскоро

Не стивнува бурата околу дербито Манчестер сити – Арсенал. На двете екипи им претстојат натпревари во Лига купот, а тренерот на Арсенал, Микел Артета откри дека клучен играч заработил сериозна повреда.

Арсенал одреден период ќе биде без капитенот Мартин Едегор (не играше и во дербито), а Артета не сакаше да открие кој е новиот повреден играч. Изјави дека утре ќе забележат сите за кого станува збор кога ќе го објави составот за натпреварот против Болтон во Лига купот.

-За жал, неколку играчи нема да можат да играат. Еден од нив има посериозна повреда. Ќе дознаете утре, изјави Артета.

Она што можеше да се забележи на дербито е дека на теренот во одреден момент лежеа Рикардо Калафиори, Давид Раџа, Јуријен Тимбер и Габриел Мартинели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО