Арсенал се засилува со напаѓачот што го посакуваат сите великани?

Арсенал реши да направи невиден хаос во самиот финиш на преодниот рок. Клубот од Лондон очајно ја посакува титулата во Премиер лигата и не штеди во намерата да создаде тим кој ќе може да го детронизира Манчестер сити.

Медиумите од Италија пренесуваат дека челниците на Арсенал напорно работат на доведување на двајца одлични фудбалери, на Шпанецот Микел Мерино од Реал сосиедад и на Камерунецот, Виктор Осимен од Наполи.

Фудбалерот на Сосиедад и репрезентативец на Шпанија, Мерино до крајот на неделата би требало и официјално да стане нов играч на „топчиите“, но тоа не е крајот…

„Кориере дело Спорт“ тврди дека Арсенал е решен да го доведе и напаѓачот на Наполи, Осимен. Понудата е веќе испратена и сега се чека одговорот од италијанскиот тим.

За одличниот напаѓач сериозно беа и се’ уште се заинтересирани многу европски клубови, како Челси и ПСЖ. Тој на 113 натпревари во дресот на Наполи постигна 76 гола и забележа 18 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО