Арсенал начелно се договорил со Сосиедад и со Мерино

Арсенал договорил начелна зделка вредна 32,6 милиони фунти (38,4 милиони евра) за транефер на шпанскиот играч за врска Микел Мерино, од Реал сосиедад.

Надоместокот за 28-годишниот играч, кој има помалку од една година од договорот со тимот од Ла лига, се првични 28,4 милиони фунти, плус 4,2 милиони во бонуси.

Мерино беше дел од репрезентацијата на Шпанија што триумфира на ЕП и настапи на сите седум натпревари на турнирот, постигнувајќи гол во победата против Германија во четвртфиналето.

Тој ќе биде третото засилување за Арсенал летово, по италијанскиот дефанзивец, Рикардо Калафјори и по шпанскиот голман, Давид Раја кој заемот од Брентфорд, го претвори во постојан ангажман.

Мерино може да игра подефанзивно во средниот ред, покрај Деклан Рајс, кој минатата сезона ја имаше улогата на централен играч за врска.

Тој е уште една опција за менаџерот, Микел Артета во среднит ред на „топчиите“, покрај Рајс, Жоржињо, Томас Парти и Мартин Одегард.

Мерино има претходно искуство во Премиер лигата, откако мина една година во Њукасл пред да се пресели во Реал сосиедад во 2018 година. Таму играше заедно со Одегард, во 2019/20 година кога Норвежанецот беше на заем, од Реал Мадрид.

Мерино, кој има одиграмо 28 натпревари за Шпанија, минатата сезона настапи на 45 меча во сите натпреварувања и постигна осум гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО