Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, ќе биде надвор од терените следните четири до шест недели поради повреда, објави „Би-би-си“.
Дваесет и седумгодишниот Англичанец заработи повреда на листот на ногата во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен.
Езе го пропушти финалето на англискиот Лига Куп против Манчестер Сити (0:2) и не е вклучен во составот на Англија за пријателските натпревари во март.
Фудбалерот ќе биде подложен на уште еден лекарски преглед оваа недела за да се утврди степенот на повредата.
Напаѓачот одигра 43 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигна девет гола и имаше шест асистенции.
Фото:миа