Судот во Аргентина дозволи посмртните останки на Диего Марадона да бидат ексхумирани од гробиштата Бела Виста каде што беше погребан и да бидат пренесен во мавзолејот што неговото семејство ќе го изгради во близина на центарот на Буенос Аирес.
Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина на 61-годишна возраст откако доживеа кардиореспираторен застој во неговиот дом каде што се опоравуваше од операција на мозокот за отстранување на згрутчување на крвта.
Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Буенос Аирес. Тој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство (СП) 1986 година, што е врв на неговата огромна кариера.
На клупско ниво играше за Аргентинос јуниорс, Бока јуниорс, Барселона, Наполи каде што освои две „скудета“ на Италија и имаше статус на божество, Севилја, Њуелс Олд Бојс. Кариерата ја заврши на домашен терен, во Бока Јуниорс.
Неговото семејство сега планира да изгради мавзолеј каде што, како што пишуваат шпанските медиуми, „Марадона би нашол вечен мир и би бил во близина на аргентинскиот народ“. Ќе се вика М10 и еден дел од него ќе биде отворен за јавноста.