Аргентина го победи Чиле со 3:0 и е се’ поблиску до пласман на Светското првенство (СП) 2026 година и до одбрана на титулата освоена во Катар 2022-та.
Головите за „гаучосите“ во второто полувреме на преполниот стадион „Монументал“ во Буенос Аиерес ги постигнаа Алексис Мек Алистер (48), Хулијан Алварез (84) и Пауло Дибала (90+1 мунута)
Аргентина ја забележа шестата победа на седумте квалификациски натпревари за СП 2026 и е на лидерската позиција на табелата со 18 бода, пет повеќе од второпласираниот Уругвај, кој ноќеска ќе игра со Парагвај.
Шампионот на светот и на Копа Америка, настапи без капитенот, Лионел Меси, кој го повреди зглобот за време на финалето на Копа во јули. Тој ќе го пропушти и следниот натпревар против Колумбија во вторник.
Публиката на „Монументал“ му оддаде почит и на на крилниот напаѓач, Анхел ди Марија, кој најави повлекувањето од меѓународниот фудбал.
Ди Марија излезе на теренот со семејството, а кога навивачите му отпоздравија со обации тој не можеше да ги запре солзите.
Ди Марија во текот на кариерата одигра 145 натпревари за аргентинската репрезентација и постигна 31 гол, ја освои титулата светски првак и двапати беше шампион на Јужна Америка.