Анри не сака да гледа Европско првенство како последното!

Некогашниот француски репрезентативец и фудбалер на Арсенал и Барселина, Тиери Анри, го критикуваше последното Европско првенство.

Многумина не се согласуваат со ваквиот формат на се повеќе различни натпреварувања, каде фудбалерите се исцрпуваат и потоа кога доаѓа момент за некој голем репрезентативен турнир, ЕП или СП, половина од играчите се делумно истоштени.

„Луѓето сакаат да гледаат Светско првенство на секои две години. Ќе кажам една работа, луѓето не размислуваат за менталниот аспект на играта. Телото треба физички да се прилагоди, но ментално е тешко да се опорави.

– Ви се допадна ли последното ЕП? Скоро сите големи играчи беа под голем замор и не беа на најдоброто ниво. Гајле ми е што ќе кажат останатите, но големите играчи беа заморени. Не би сакал да гледам такво Европско првенство, луѓето плаќаат многу пари за да го видат најдоброто од најдобрите, не би сакал да ги гледам најдобрите како седат на клупа на најважните натпревари и како се опоравуваат за стартот на новата сезона, порача Тиери Анри.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО