Поранешниот француски репрезентативец и легенда на Арсенал, Тиери Анри ја напушти позицијата селектор на младинската репрезентација на Франција. Од Фудбалската федерација наведоа дека Анри го направил тоа од лични причини.
Анри е селектор на У21 репрезентацијата, а прифати да ја предводи олимписката селекција која стигна до сребрениот медал.
-Сакам да им се заблагодарам на Фудбалската федерација и на претседателот Филип Диало за можноста да бидам селектор на репрезентацијата. Освојување на сребрениот медал на Олимписките игри ми е еден од најдобрите моменти во мојот живот. Уште еднаш им благодарам на Федерацијата, играчите, моите помошници и навивачите за ова магично искуство, изјави Анри.
Претходно Анри имаше кратки тренерски авантури во Монако и Монтреал, а беше асистент во белгиската репрезентација.