Англиските медиуми: Срцето е скршено, сонот заврши, болката продолжува

Шпанија по четврти пат стана европски шампион победувајќи ја Англија со 2:1 во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин.

Ова беше второ последователно еврофинале за Англија, откако пред три години беше поразена од Италија на Вембли во Лондон, на пенали. Сонуваа да го освојат второто големо натпреварување, прво по Светското првенство (СП) 1966 година, на домашен терен, но повторно не успеаја.

Тимот на Герет Саутгејт беше критикуван од аналитичарите, поранешните играчи и медиумите во текот на целиот турнир. Многумина сметаа дека Англија не пружи квалитетна игра со оглед на играчите што ги има.

Во групната фаза Англија ја победи Србија (1:0) и ремизираше со Данска (1:1) и со Словенија (0:0). Ја победи Словачка во осминафиналето по продолжението (2:1), Швајцарија во четвртфиналето, на пенали, а во полуфиналето ја совлада Холандија (2:1).

Гардијан во насловот на порталот пишува: „Доцниот гол на Микел Ојарзабал значеше остварување на евросоништата на Шпанија“, додека на насловната страница на весникот, покрај информациите за атентатот на Доналд Трамп пишува: „Агонија за Англија“.

Насловот на „Би-би-си“ гласи: „Срцето на Англија е скршено откако Шпанија постигна гол во финишот за освојување на ЕП“.

Насловот на „Сан“ е: „Лавовските срца на Англија загубија во финалето на ЕП 2024, се вратија со болка откако Шпанија постигна гол за победа со 2:1“.

Скај спортс“ имаше сличен наслов: „Ојарзабал го скрши срцето на Англија, Шпанија го освои ЕП“. „Метро“ на насловната страница напиша: „Лавовите денеска лплачат“.

„Мирор“ со големи букви напиша: „Скршено“ и додаде: „Продолжува чекањето откако Шпанија го освои финалето со доцниот гол“.

Дејли експрес, пак, со наслов: „Сонот заврши, но дали репрезентацијата не’ направи горди“? „Телеграф“ потсетува дека чекањето за нова титула продолжува со наслов: „Болката продолжува“.

На насловната страница на Дејли Мејл пишува: „Неподнослива тензија, чудесен гол… но фудбалот не се враќа дома“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО