Фудбалерите на Англија ќе бидат богато наградени доколку победат во неделното финале на ЕУРО 2024 против Шпанија, открива Телеграф. Се очекува играчите на Англија да поделат бонус од 10 милиони фунти доколку ја испишат историјата на англискиот фудбал.
Тоа значи дека секој од 26-те играчи во тимот на Герет Саутгејт би можел да заработи повеќе од 350.000 фунти доколку ја победи Шпанија во Берлин. Ова воедно ќе биде прва историска титула за Англија од Европското првенство.
Изданието пишува дека потенцијалните парични награди немаат речиси никаква важност за играчите, бидејќи повеќето од нив немаат поим колку ќе добијат ако Англија стане европски шампион, а од друга страна поголемиот дел од нив имаа неделна плата во висина од оваа сума во своите клубови.