Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија ќе го задржи Герет Саутгејт на селекторската функција на националниот тим и по Европското првенство (ЕП) 2024, без разлика на резултатот во неделното финале. Во финалето на ЕП во Берлин, Англија ќе игра со репрезентацијата на Шпанија.
Саутгејт беше мета на критики на домашната јавност поради лошата стратегија во првата фаза од ЕП, но доколку успее на Англија да и’ ја донесе првата европска титула, повеќе од заслужено ќе остане на селекторското место, најмалку до СП 2026 година.
Фабрицио Романо пишува дека преговорите практично се завршени и се очекува по последниот меч на ЕП договорот формално да биде потврден.