Македонскиот ракометен шампион, Е. Пелистер следниот меч во ЛШ го игра против Динамо Букурешт сезоната која ја започна со две големи победи.
Тренерот Бранислав Ангеловски изјави дека победите на романскиот тим не се случајни, бидејќи се работи за државен проект кој има буџет од осум милиони евра.
-Ни следи исклучително важна недела. Повторно сме во Лигата на шампионите и гостуваме кај сериозен противник, романски претставник и клуб кој има буџет од 8,9 милиони евра. Таму има играчи кои настапуваа за Барселона и неслучајно Динамо Букурешт има две победи од два натпревари во групната фаза. Одиме со позитивна енергија, да дадеме максимум и нема да се штедиме. Ќе покажеме максимален труд и ќе се надмудруваме со нив.
Динамо Букурешт е државен проект и исклучително напредуваше со шпанската школа на тренери. Неслучајно се 8,9 години шампиони на Романија. Секоја година напредуваат и собраа бодови да играат директно во Лигата на шампионите. Ги имаат најдобрите романски играчи и добри и квалитетни странци, рече тренерот на шампионот на Македонија.
Натпреварот меѓу македонскиот и романскиот шампион се игра в четврток, со почеток од 18:45 часот.