Ангеловски: Ние сме локален клуб, не сме државен проект каков што беше Вардар

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Пелистер кој нема ниту еден освоен бод досега гостува кај Колштад.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, одржа прес конференција пред натпреварот во Норвешка,најави дека неговиот тим ќе се обиде со поволен резултат да се прости од елитата за оваа сезона.

-Нема небитен натпревар во Лигата на шампионите, ние треба да славиме што бевме дел од ова натпреварување. Можеме само да извлечеме поука и да видиме уште колку работа не чека за да можеме да играме егал утакмици. Одиме во Колштат да се надигруваме со норвешкиот шампион и да се обидеме да извлечеме добра резултат. Мораме да играме под притисок, таков е скандинавскиот ракомет со брза транзиција, доколку осетат малку лабилно влегување во натпреварот од наша страна ќе имаме ќе имаме големи потешкотии да се натпреваруваме со нив. Мора да дадеме се од себе за нас, клубот, нашиот град и нашата држава“, рече Ангеловски и потоа, спомнувајќи ги Металург и Вардар, се обиде да најде алиби за 13. порази во исто толку натпревари во Лигата на шампионите.

-Не е лесно што одиме во Норвешка без освоен бод. Но треба да се знае дека ние сме екипа со најмал буџет во ЛШ, половина од екипите во Лига Европа имаат дупло поголем буџет од нас, а не успеаја да поминат. Јас сакам да бидеме како Вардар, но еве ќе направам една паралеле. Металург кога првата година играше во ЛШ губеше по 15 разлика од Чеховски Медведе, Фленсбург, Загреб…во групата заврши си нула бодови, за потоа да дојде на чекор до Фајнал Фоур. Или Вардар, пред времето на Самсонеко и потоа. Ние сме локален клуб, по Општината сите спонзори се локално, не се државни. Вардар беше национален проект. Јас би сакал тоа да се деси во Битола или во бико кој друг град.

Натпреварот Колштад-Еурофарм Пелистер утре ќе започне во 18.45 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО