Андреј Рубљев нема да настапи на ЛОИ во Париз

Руските тенисери Андреј Рублев, Карен Хачанов и Људмила Самсонова нема да учествуваат на Олимписките игри ова лето во Париз, соопшти денеска претседателот на руската Тениска федерација Шамил Тарпишчев.

– Рубљов, Хачанов, Самсонова нема да играат на Олимпијадата. На Андреј му треба закрепнување, се наталожил замор. Неговото тело не е од железо, изјави Тарпишчев.

Рублев (26), кој е шесторангиран на АТП листата, на Олимписките игри во Токио во 2021 година, во тандем со Анастасија Пављученкова стана олимписки шампион во мешани двојки, а го освои Дејвис купот и АТП купот како дел од рускиот тим.

Хачанов (28) е на 22-то место на светската ранг-листа, додека 25-годишната Самсонова е рангирана на 15. место во светот и има освоено четири ВТА титули. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО