Анчелоти повеќе не е тренер Ботафого

Ботафого објави на својата официјална веб-страница дека Давиде Анчелоти ја напушта својата позиција како главен тренер на тимот.

Триесет и шестгодишниот Италијанец, кој е син на Карло Анчелоти, одби да потпише нов договор.

– Анчелоти повеќе не е тренер на Ботафого. Неговите помошници исто така го напуштаат тимот. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност како дел од семејството Ботафого. Новиот тренерски персонал ќе биде објавен наскоро, се вели во соопштението на бразилскиот клуб.

Оваа сезона, Ботафого освои 63 бода и заврши шести на табелата. Тимот се квалификуваше за Копа Либертадорес за прв пат во својата историја.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО