Карло Анчелоти верува дека Атлетико Мадрид сезонава има капацитет да се бори за титулата.
Токму пред натпреварот вечерва од 21 часот, класикото во Мадрид, Анчелоти верува во составот на Диего Симеоне и ги смета за опасност сезонава.
– Моето мислење е дека Атлетико доста напредуваа оваа сезона, доведоа фантастични фудбалери, формираа подобра екипа од лани и мислам дека ќе се борат за титулата сезонава до самиот крај, со нас и Барселона.
– Секогаш е голема борбата, но да биде убава за очи. Последните неколку дербиња беа забавни, со доста голови, двата тима играат атрактивен фудбал и имаат квалитетни играчи. Со оглед дека ги немаме Мбапе и Белингам за оваа средба, ќе има промени, тоа е јасно, штета што ги немаме за дербито, порача Карло Анчелоти.
Новинарите го прашаа и за тоа дали смета дека Винициус ја заслужува „Златната топка“, на што одговори: Да, се разбира, ја заслужува, одигра фантастично во ЛШ лани, не однесе до финалето со неговите голови, мислам дека ќе ја освои, се надоврза искусниот стратег.