Поразот од Астон Вила (2-1) донесе двојна болка за навивачите на Манчестер Јунајтед.
Покрај загубените бодови, тимот остана и без својот лидер Бруно Фернандеш, за кого менаџерот Рубен Аморим потврди дека се соочува со повреда на мекото ткиво на десната нога.
Аморим подоцна додаде дека Фернандеш сигурно ќе пропушти „неколку“ натпревари, што создава огромна главоболка во пресрет на дуелите со Њукасл (26 декември) и Вулверхемптон (30 декември). Проблемот е уште поголем бидејќи и Коби Мејну заработи повреда на тренинг непосредно пред мечот со Вила.
Единствената добра вест за Аморим е враќањето на Каземиро, кој ја одлежа суспензијата поради жолти картони и ќе биде на располагање за празничните битки. Сепак, креативноста на Бруно ќе биде речиси невозможно да се надополни.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: