Манчестер јунајтед загуби во „лудиот“ натпревар од Лига (Карабао) купот против Тотенхем со 3:4 и беше елиминиран од тоа натпреварување.
Тренерот на Јунајтед, Португалецот Рубен Аморим, на вториот натпревар по ред го изостави од тимот Маркус Рашфорд, 27-годишниот англиски напаѓач, поранешен репрезентативец, кој пред неколку дена изјави дека сака да го напушти клубот.
Неговиот тренер по натпреварот изјави дека не жали поради таа одлука. „Чувствувам дека ја направив вистинската работа за тимот. Не мислам дека ова беше грешка. Мораме добро да ги избереме играчите. Секогаш се трудам, давам се’ од себе да го направам најдоброот за тимот”.
Рашфорд беше повеќе товар отколку од корист за Јунајтед во последните две сезони. Напаѓачот со нестабилно расположение, сомнителна работна етика и недефинирана улога и позиција сезонава постигна седум гола на 24 настапи во сите натпреварувања.
Кога беше помлад поседуваше голем потенцијал, забележа 60 настапи и даде 17 гола за англиската репрезентација, но веќе не го повикаат. Тој не го исполни потенцијалот и сега е на прагот да го напушти клубот доколку односот меѓу него и тренерот драстично не се промени .