Американките Бајлс и Чајлс и се поклонија на Бразилката Андраде

Спортот носи многу емоции. Понекогаш е потребно толку малку за да се победи, а кога ќе се достигне највисокото ниво, против најголемите ривал(к)и, тогаш некако сè станува уште послатко. Токму таква сцена беше видена на Олимписките игри (ИО) во Париз.

Славната гимнастичарка, Симон Бајлс од Соединетите Американски Држави, која има освојувано златни медали во повеќе дисциплина, остана без златен медал на партер, за само 0,033 поени!

Во таа дисциплина победи Бразилката, Ребека Андраде, пред Бајлс и уште една Американка, Џордан Чајлс.

Трите гимнастичарки очигледно се во одлични односи, бидејќи беше видена легендарна сцена овековечена на фотографија на доделувањето на медалите. Откако трите гимнастичарки ги добија медалите, двете Американки се свртеа кон Бразилката на врвот на подиумот и и’ се поклонија !

Бразилката тоа го комплетираше со кревањето раце, а подоцна трите заедно направија заедничко селфи на најгорното скалило на подиумот. Прекрасна сцена…

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО