Алкараз не сака Надал да се пензионира: Се надевам дека тоа нема да биде неговиот последен танц

Карлос Алкараз се радува дека ќе биде заедно во тимот на Шпанија за финалето во Дејвис купот со Рафаел Надал.

Шпанецот се надева дека ова сепак нема да биде „последниот танц“ на Надал, кој зад своето име има 22 гренд слем титули и се почесто се најавува неговото повлекување.

Алкараз и Надал заедно играа во дубл и на Олимписките игри во Париз, каде беа елиминирани во четвртфиналето.

– Не сакам ни да помислам дека ова ќе биде последниоте танц за Рафа Надал. Тој може да донесе многу искуство, за мене тоа ќе биде прво Дејвис куп финале, ќе биде извонредно, порача Алкараз на пресконференцијата за медиумите во Пекинг.

Алкараз во првото коло во Пекинг ќе игра против Џовани Пеши Перикар од Франција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО