Алкалоид го преслуша Тиквеш и првпат во историјата ќе презими како лидер на табелата!

За првпат во историјата на македонската Суперлига, во систем каде сите екипи играат во иста група, екипата на Алкалоид ќе ја дочека пролетта како лидер на табелата.

Со денешната доминантна победа над Тиквеш (35-26), „фармацевтите“ дојдоа до својата 15-та победа и со 30 бодови ќе зимуваат на врвот на табелата во следните седум недели. Натпреварот започна со изедначена игра до 3-3, но Алкалоид брзо ја презеде контролата. Со ефективни напади и силна одбрана, тимот стекна предност од 10-4, која само растеше благодарение на почетничките грешки на противникот. До крајот на првото полувреме, Алкалоид стигна до убедливи 21-9.

Во вториот дел, скопјани ја задржаа двоцифрената предност, при што крилата Петковски и Бинго немилосрдно ги реализираа шансите. Лазаров им даде можност за настап на сите свои играчи, кои максимално ја оправдаа довербата. Натпреварот заврши со конечни 35-26 за Алкалоид. Најефикасни кај победниците беа Петковски со девет гола, Серафимов со осум и Бинго со пет, додека кај Тиквеш се истакна Кривокапиќ со шест погодоци. И покрај тоа што Алкалоид и Вардар 1961 имаат ист број бодови, тимот од Автокоманда има подобар меѓусебен скор, што му го донесе лидерското место.

Пролетниот дел од ракометниот шампионат продолжува на 8 и 9 февруари 2025 година, кога ќе започне трката за титулата и пласманот во плејофот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО