Фудбалскиот клуб Ал Наср објави дека спогодбено го раскинува договорот со бразиилскиот фудбалер Алекс Телес.
31 годишниот Телес во Ал Наср стигна во јули минатата година, па иако потпиша договор со клубот до 2025 година, сепак се договорија за прекин на соработката.
Тој за Ал Наср во досегашниот ангажман одигра 44 натпревари и постигна три гола, тоа очигледно не беше доволно за клубот за кој игра да го остави да го доврши договорот до крај.
Телес пред ангажманот во Ал Наср, настапуваше уште во Севилја, Манчестер Јунајтед, Порто, Интер, Галатасарај, Гремио и Хувентуд.
За репрезентацијата на Бразил играше од 2019 до 2023 година, забележа 12 настапи.