Ако Милан му врачи отказ на Пиоли – овој може да стане тренер на ривалите?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ја разгледувал можноста да го ангажираат Стефано Пиоли, ако овој добие отказ во Милан на крајот од сезоната.

Пиоли е под жесток притисок во Милан, затоа што „росонерите“ сериозно заостануваат во битката за титулата во Серија А, а беа елиминирани и во ЛШ.

Пиоли има договор со Милан до летото 2025 година, но големи се шансите Милан да му врачи отказ, па потоа да назначат негов наследник, а тоа е ситуација која будно ја следат во Неапол.

Како што пренесува Ил Матино, Де Лаурентис е миленик на стилот кој го развива Стефано Пиоли, па постојат реални шанси овој стратег да остане во Серија А и по евентуалниот отказ во Милано.

Пиоли е еден од најплатените тренери, тој во моментов во Милан заработува 4,5 милиони евра по сезона, многу повеќе од она што Лаурентис го издвојуваше за Спалети (2,8) и Руди Гарсија 3 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО