Аканџи: Играме премногу натпревари, можеби на 30 години ќе се пензионирам

Швајцарскиот стопер Мануел Аканџи (29) не е задоволен од пренатрупаниот распоред во фудбалската сезона. Фудбалерот на Манчестер сити смета дека УЕФА и ФИФА им наметнале премногу натпревари на клубовите и репрезентациите.

„Не можете само да додавате натпревари и да претпоставувате дека сè ќе остане како што беше“, започна тој, а потоа продолжи:

„Мора да се мисли и н афудбалерите. Во еден момент тие ќе бидат премногу уморни, а потоа дефинитивно ќе дојдат повредите. Тренираме максимално напорно и подготвени сме, но мора да има граница. Можеби јас ќе се пензионирам на 30 години“.

Аканџи оваа сезона забележа пет настапи за клубот и два за националниот тим во Лигата на нации. На сите натпревари одигра 90 минути.

Манчестер сити на Акањи, во среда го пречекува Интер во Лигата на шампионите, а во недела Арсенал во Премиер лигата.

Акањи пред две години пристигна во Сити за 20 милиони евра од Борусија Дортмунд. Во својата кариера настапуваше и за швајцарските клубови Винтертур и Базел. Според „Трансфермаркт“ тој вреди 45 милиони евра, а за Швајцарија има три гола во 67 настапи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО