Агире по третпат седна на клупата на Мексико

Легендарниот фудбалски стратег, Хавиер Агире по третпат седнува на клупата на мексиканската фудбалска репрезентација.

Мексиканската фудбалска федерација официјално го објави назначувањето на 65-годишниот стратег за нов предводник на националниот тим. Тој ќe го замени Хаиме Лозано кој го раскина договорот по лошиот настап на Копа Америка.

Агире претходно двапати беше на клупата на мексиканската репрезентација, ја предводеше на Светските првенства (СП) 2002 и 2010 година кога Мексиканците стигнаа до осминафиналето.

Во неговиот штаб се и поранешниот капитен на репрезентацијата, Рафаел Маркез, кој го раскина договорот со Барселона, каде што го водеше вториот тим и дојде во репрезентацијата.

Се очекува Агире да го води тимот до крајот на СП 2026 година, по што Маркез ќе стане селектор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО