Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025

Атлетската федерација на Македонија синоќа на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите домашни атлетичари во 2025 година.
Признанието во женска конкуренција го освои Адријана Поп Арсова од АК Делта, додека во машка конкуренција за најдобар атлетичар во годината која изминува беше прогласен Андреас Трајковски од АК Работнички.
Трајковски ја одбележа 2025 година со историскиот пласман во финалето во скок во далечина на Европското првенство во сала во холандскиот град Апелдорн на кое го освои осмото место со резултат од 7.65 метри.
Маратонката Поп Арсова во 2025 година успеа да обезбеди пласман на Светското атлетско првенство во Токио, станувајќи првата атлетичарка во историјата на македонската атлетика која настапи на три последователни светски првенства (Орегон 2022, Будимпешта 2023 и Токио 2025).
Атлетската федерација додели признанија и за најдобрите во младинска и пионерска конкуренција:
Марко Алексовски – најдобар младинец (АК Центар)
Мелиса Димитриевска – најдобра младинка (АК Дрени Старт)
Ева Митевска – најдобра помлада младинка (АК Работнички)
Михаил Стошевски – најдобар помлад младинец (АК Куманово)
Ведран Николовски – најдобар пионер (АК Куманово)
Марта Димковска – најдобра пионерка (АК Работнички)
Ељана Салаи – најдобра млада пионерка (АК Куманово)
Арти Џеладини – најдобар млад пионер (АК Куманово).ег
ФОТО: АФМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО