Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, се приклучи на групата косопственици на женскиот фудбалски клуб Челзи.
Триесет и едногодишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост и чест за можноста.
– Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. Напред Челзи! – напиша Адетокунбо на социјалните медиуми.
Јанис е шампион на НБА и МВП на финалето на НБА во 2021 година. Тој играше на седум Ол-стар натпревари.
Челзи е трет на табелата на Англиското првенство во женски фудбал со 27 бодови.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: