Портпаролот на Интернационалниот олимписки комитет ИОК), Марк Адамс, на средбата со новинарите на Игрите во Париз, изјави дека тестирањето на полот на спортистите е нелегално.
– Самиот процес на тестот и неговата природа не се легитимни. Не треба да се дискутира јавно. Дури и начинот на кој се направени овие тестови е незаконски. Немам намера да го коментирам тоа. Спортистите ги имаат сите потребни документи. Не можеме да спроведеме дополнителни тестови за време на натпреварите, изјави Адамс.