Кошаркарските јуниорки загубија од Азербејџан во разигрувањето

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да ја забележи првата победа на ЕП од Дивизијата Б во Тулчеа, откако во неизвесна завршница загуби од селекцијата на Азербејџан со 73-75.

Нашата селекција игра за разигрување за пласман од 17. до 20. позиција на шампионатот, а првиот натпревар од таа група го отвори со пораз од Азербејџанките.

Најдобра кај Македонија беше Ива Колева со 18 поени, ја следеше Теа Трајковска со 17 поени. Кај Азербејџан, Дениз Гокчол реализира вкупно 19 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО