Камрон Мекдауел е нов кошаркар на Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер има нов играч, станува збор за Камрон Мекдауел (23). Овој американски бек-шутер, висок 196 сантиметри доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната.

Во пет сезони во колеџ-лигата Мекдауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари.

Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра.
Неговиот најдобар момент е сезоната 2024/25, кога за Норд-вестерн Оклахома стејт забележа 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО