РБ Лајпциг повторно го ангажираше норвешкиот голман Орјан Ниланд. Голамнот потпишал договор до 2028 година, објави клубот од Бундеслигата. 35-годишникот се враќа во Лајпциг, каде што веќе настапуваше како позајмен играч во сезоната 2022/23. Ниланд во Лајпциг дојде како слободен играч откако неговиот договор со Севилја истече на крајот на јуни.
Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка до четвртфиналето на Светското првенство, кога му одбрани пенал на Бразилецот Бруно Гимараеш во драматичната победа од 2-1 во осминафиналето минатиот месец.
„Кога се појави можноста да се вратам во РБ Лајпциг, не морав двапати да размислувам. Имам многу убави спомени со клубот и луѓето тука и навистина се радувам што повторно ќе ги сретнам“, рече Ниланд.
За време на својата кариера, Ниланд играше и за Молде, ФК Инголштат, Астон Вила и Рединг. Тој одигра 76 натпревари за норвешката репрезентација.