Урош Медиќ ја доби главната борба на УФЦ настанот во Белград

Главниот настан на УФЦ настанот во Белград беше борбата помеѓу Србинот Урош Медиќ и Американецот Даниел Родригез.

Домашниот миленик победи со нокаут после само 30 секунди од првата рунда и славјето во салата беше огромно, се палеа и факели.

Родригез успеа да го погоди Медиќ во ногата, Србинот возврати на брутален начин. Успеа да упати директ во телото на Родригез и го собори на земја. Веднаш потоа, тој почна неселективно да го удира по сите делови од телото, а судијата мораше да ја прекине борбата, по што на трибините настана вистинска лудница.

Во УФЦ се импресионирани од атмосферата после победата на популарниот Урке.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО