Големата награда на Германија би можела да се врати во календарот на формула 1. Разговори за враќање на Ф1 на патеката во Хокенхајм се веќе започнати.
Последната трка се одржа во 2019 година.
Новите инвеститори се подготвени за нови вложувања и патеката повторно да биде организатор на трка во формула 1. Последните години проширувањето на Ф1 надвор од Европа е поголемо.
Голем интерес за организација на трки има во земјите од Африка, Азија, па и Јужна Америка (враќање на трка во Аргентина). Сепак проблем е тоа што календарот за следните години е веќе пополнет.
Но, секогаш постои опција за одржување на трка, па така годинашнава трка за Големата награда на Бахреин ќе се вози во Малезија, поради безбедносната ситуација на Блискиот исток.
Но, оваа ситуација на замена нема да биде практика навестуваат од формула 1.