Кошаркарска јуниорска репрезентација на Македонија (У18) ја извојува втората победа на ЕП од Дивизијата „Б“ во Хрватска.
Нашите млади кошаркари го играа натпреварот против Исланд за пласман од 13 до 16 место.
Избраниците на Мишо Тодоровиќ се израдуваа на втората победа на првенството, добивајќи го натпреварот со 86-74.
Григориј Ѓорѓевиќ беше најефикасен кошаркар со 18 поени, еден повеќе од Ѓорѓи Цветковски кој постигна 17.
Утре (11.30 часот) во последниот натпревар на првенството, македонските јуниори ќе разигруваат за пласман за 13-тото место.
Противник ќе им биде Велика Британија. која денеска го совлада Азербејџан.