Македонија поразена и од Шведска на јуниорското ЕП

Ракометната селекција до 18 години го претрпе и третиот, пораз на ЕП во Белград.
Во натпревар кој директно решаваше за третото место во А групата, подобра од Македонија беше селекцијата на Шведска која го доби натпреварот со 29-33.

Од самиот старт противникот ја наметна својата игра и го отвори натпреварот со три врзани голови (0-3), на кои македонските јуниори не успеаја да одговорат.

Шведска ја контролираше играта и во продолжението, фала неколку наврати имаше и најголеми шест голови предност. Сепак македонските јуниори со серија од 4 гола на полувреме замина со негатива од два гола 16-18.

Во продолжението на првенството избраниците на селекторот Горан Кузмановски ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.

Трајче Костов и Горазд Дамчевски блеснаа со по осум гола, додека со пет мечот го заврши Бобан Поповски. Во шведскиот табор најефикасен со шест реализации беше Филип Пастуховиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО